Во центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово е претставен проектот мултимедијален триптих „Генеза на хроничната мистерија“ на Емил Солески. Во просторот каде што се поставени три скулптури ќе биде проектиран филм во комбинација со текстуално објаснување на проектот.
– „Генеза на хроничната мистерија“ е алегорија за губењето на идентитетот. Во време кога надминуваме одредени предрасуди и се бориме со стереотипи, разгорува распаднатото огниште, се занишува празната лулка, а паланзата, и без тег ќе измери нешто, потамина ако треба. Ликовно-просторниот експеримент е фантастична дијагонала на „архаичниот“ и дигиталниот идентитет. Концептот предвидува просторна видеоинтервенција и трансформација, барање нова визија на веќе виден простор – вели Солески за проектот.