Три претстави во официјалната програма ќе бидат на програмата на шестиот ден на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.
Први, попладнево во 17 часот на сценaта на театарот во Прилеп гостувааат од Театарот за деца и младинци од Скопје со младинската „Франкенштајн“, по мотиви од истоимениот роман „Франкенштајн“ од Мери Шели. Режијата е на Кокан Младеновиќ. Во 19:30 часот на сцената на Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде изведена „Едвард Втори“ во продукција на „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес. Претставата е во копродукција со Драмски театар „Масалитинов“, Пловдив. Претставата во режија на Андриј Жолдак, е по текст на Сашо Димоски според А. Жолдак и К. Марлоу.
Театарот „Ацо Шопов“ од Штип настапува на фестивалот вечерва во 22 часот на сцената на Прилепскиот театар, со претставата „Демонот од Дебар Маало“, според текст на Горан Стефановски, а во режија на Наташа Поплавска.
И денес продолжија разговорите на тркалезната маса за претставите што синоќа беа изведени во Прилеп. Со аплаузи беа наградени актерските екипи на „Ало! Ало“ на Театар Комедија и на „Дупло дно“ на Народниот театар од Прилеп, кои беа со овации.
Во 11 часот беше промовирана книгата „За комичното и хуморот“ на Иван Џепароски, во издание на Театар Комедија, за која зборуваа Дарко Спасов, директор на театарот и Ана Стојаноска, уметнички директор на фестивалот „Војдан Чернодрински“.
Ка.М.