На 29 март, во театарот во Штип ќе биде премиерата на урнебесната комедија „Обвинителка“, чиј автор е Огнен Неделковски. Режијата е на Сашо Ристовски, а главната улога ја толкува популарна актерка од Србија, Лидија Вукиќевиќ. Во улогата на обвинителката, Вукиќевиќ како свои партнери на сцената ги има актерката Магдалена Ризова-Черних и актерот Сашо Ристовски.
Режијата на оваа театарска претстава ја потпишува актерот Ристовски, сценографијата е на Крсто Богојевски, костимите се изработени од страна на Елена Лука, а музиката е на Мишел Трајковски.
Оваа претстави низ низата на динамичните дејствија и актерска екипа ги одговара одамна непоставените прашања. Како е да се биде обвинител? Како е да се работи во обвинителство? Како може или не може да се спасиш од обвинение? Љубовта и страста што можат да му сторат на еден човек, како е да се плашиш и да живееш во страв дека те прислушуваат, колку и на што се сме подготвени за да побегнеме од одговорност и многу општествени случувања што се карактеристични за денешното време.
Претставата се подготвува со полн интензитет и е плод на соработката меѓу нашата држава и Република Србија.
„Обвинителка“ ќе ја има првата реприза на 30 март во Куманово, а веднаш потоа следува гостување во Охрид и Битола.