Саемот на книга ќе се одржи на отворено, непосредно до Аква паркот (А1 Арена – СЦ Борис Трајковски), од 8 до 14 септември. Саемот на книга ќе се одвива според важечките владини протоколи, со почитување на сите донесени мерки.

– Искуството од минатата година покажа дека со почитување на мерките, Саемот за книга може да се одржи во добар ред и со одлична промоција на наслови. При тоа Скопје покажа дека Саемот на книга му е неопходен како еден вид духовна храна каде читателите може да ги изберат своите омилени парчиња – велат организаторите на настанот.

Мотото и оваа година е „безбедни саеми“. Саемот на книга е поддржан од Министерството за култура.