Промоција на поетската книга „Човек“ од Јовица Ивановски, добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за 2019 година, ќе се одржи утре напладне (12 часот) во градската библиотека „Браќа Миладиновци“.

За наградената книга ќе зборува Владимир Мартиновски, а стихови ќе интерпретира актерот Владимир Петровиќ.

Јовица Ивановские роден 1961 година. Со поетски избори е преведен на англиски и српски јазик а делови од неговото творештво се преведени на петнасет јазици и е застапен во повеќе антологиски избори на македонската поезија.