Во рамките на манифестацијата „Демир Хисар град на културата, 2018“, в недела, во 19 часот, ќе биде отворена самостојна изложба на уметникот Перица Георгиев-Пепси. Изложбата ќе биде поставена во фоајето на Домот на културата во Демир Хисар, а публиката ќе има можност да ја погледне до 1 октомври.

– На изложбата ќе бидат прикажани 20 слики од мал формат, без одредена тематска определба. Експресивни по употребата на боите и апстрактни по содржина, каде што предметното е сведено на асоцијативно препознавање – вели Јасмина Котевска, историчарка на уметност.

Перица Георгиев-Пепси живее и работи во Бугарија, а оваа самостојна изложба му е прва по 27 години во Македонија.