Вечерва, со почеток во 20ч., во Музејот на современата уметност во Скопје, ќе се одржи отворање на проектот и изложбата „Ослободување на просторот“, која има цел да отвори прашања што во последниве години ги наметна насилната преобразба на идентитетот на Скопје. Предлогот е на кураторите Слободан Велевски и Марија Мано Велевска и четирите тима архитекти собрани околу проектот „Ослободување на просторот“, кој во организација на МСУ беше претставен во македонскиот павилјон на 16. Интернационалната изложба на архитектурата во Венеција во 2018 година поаѓа од враќањето и новото осмислување на вредностите на слободниот јавен простор во архитектонска и во општествена смисла.

Автори/учесници во проектот се: Дејан Ивановски, Филип Јовановски, Благоја Бајковски, Марина Торнатора, Лучија Ла Ѓуза, Алесандро де Лука, Гордан Витевски, Мила Димитровска, Владо Данаилов, Александра Шулевска, Слободан Велевски, Марија Мано Велевска.