Заврши Канскиот фестивал

Филмот на Џулија Дикурно, „Титан“, ја освои „златната палма“ на Канскиот филмски фестивал и стана втората режисерка што ја освоила најголемата награда на овој филмски фестивал стар 74 години. Победата ја објави претседателот на жирито, американскиот режисер Спајк Ли, по грешка на среде програма, што накратко предизвика збунетост. Француската режисерка Дикурно не излезе на сцената да ја земе наградата, бидејќи го чекаше официјалното соопштение на крајот од церемонијата.
На крајот, победата на „Титан“ ја објавија Ли и водителката на програмата, актерката Шерон Стоун.
Церемонијата продолжи по гафот и беа доделени преостанатите награди.
Гран при на фестивалот споделија иранската драма „Херој“ и „Стан бр. шест“ на финскиот режисер Јух Куосманен. Наградата за најдобар режисер му припадна на Лео Каракс за фантастичниот мјузикл „Анет“, со што го отвори фестивалот. Најдобар актер, според одлуката на жирито, е Калеб Лондон Џонс, а најдобра актерка е Рената Реинсви за улогата во филмот „Најлошата личност на светот“. Хрватската драма „Мурина“ од Антонета Аламат Кусијановиќ ја освои наградата „златна камера“ за најдобро деби.
Минатата година, поради пандемијата, Канскиот фестивал беше откажан. Оваа година присутна беше публиката, која мораше да носи маски.