Откако јапонскиот премиер Шинзо Абе прогласи вонредна состојба за седум префектури, Националниот театар од Токио одлучи една од водечките традиционални изведувачки јапонски уметности да донесе директно во вашиот дом. На официјалниот канал на Јутјуб можете да ги проследите трите главни акти на кабуки-драмата „Јошитсуне и илјадници црешови дрвја“. Театарот требаше да се затвори на крајот на февруари поради коронавирусот, па претставата беше снимена во март без публика.

„Јошитсуне и илјадници црешови дрвја“ е една од трите најпознати кабуки-драми. Напишана е во 1747 година за традиционалниот куклен театар „Нингјо џорури“, а една година подоцна се претвори во кабуки-претстава.

Оваа имагинативна историска драма е поставена неколку години по битката помеѓу клановите Таира и Минамото, која е позната и како „Генпејска војна“ (1180-1185 г.). Откако кланот Минамото го победува кланот Таира, Минамото но Јошитсуне тргнува на пат да пронајде тројца исчезнати генерали на Таира, кои ја избегнале правдата на крајот од војната. Јошитсуне верува дека генералите планираат да се одмаздат за нивниот огромен пораз.