Во Младинскиот парк во Велес утревечер, со почеток во 20 часот ќе се одржи концертот на виолинистката Пламенка Трајковска,. насловен „Лејдис енд џентлмен“. Концертот е дел од манифестацијата „Велешко културно лето“. На концертот во гудачкиот квинтет покрај Пламенка Трајковска ќе настапат и: Наташа Диденко, Сандра Крстевска, Магдалена Попоска и Љубица Бошкоска. Гости на концертот се Трио Џентлмен.

И овојпат Пламенка Трајковска, во својот препознатлив стил, повторно низ мултимедијално доживување, ќе го претстави својот опус, наменет за вљубените во убавиот звук на виолината. Посетителите ќе слушнат обработки на народните песни, но и одбрани популарни дела од класичната музика. Концертот „Лејдис енд џентлмен“ премиерно беше изведен во рамките на годишното издание на „Скопско лето“ и беше снимен, а подоцна и емитуван на програмата на Македонската телевизија.

Настанот е поддржан од Општина Велес. Ми.М.