Во 21 часот по средноевропско време вечерва, по седуммесечен лет во интерпланетарното пространство, сондата „Инсајт“ ќе слета на површината на Марс.

НАСА денеска ќе отвори ново поглавје во откритието на Марс. Шестминутното пробивање на сондата „Инсајт“ низ 128 километри дебелата атмосфера на Марс граѓаните ќе може да го следат во живо на следниот линк , од Лабораторијата за млазен погон (Jet Propulsion Laboratory – JPL).

„Инсајт“ e кратенка за внатрешно истражување, со користење сеизмичко истражување, геодезија и топлински транспорт. Станува збор за истражувачка мисија, чија цел е да направи целосен систематски преглед на Марс, со помош на сеизмолошки, топлински и радиоинструменти, и да ги испита, соодветно, кората, внатрешната обвивка и јадрото на планетата.

Роботиката на приземјувачот на Марс на НАСА, „Инсајт“, има цел да ја проучи внатрешната структура на Црвената Планета за да одговори на прашањата за раното формирање на внатрешните планети – Меркур, Венера, Земја и Марс – пред четири и пол милијарди години.

„Инсајт“ е првата мисија посветена на длабокиот ентериер на Црвената Планета и ќе го користи своето трио на инструменти за да им овозможи на научниците да разберат колку се различни кората, површината и јадрото во однос со Земјата. Сондата го почна своето патување на 5 мај.