Во ГАК во Чаир пуштен во употреба е целосно реновираниот ургентен центар опремен по сите европски стандарди. Во денешната посета на болницата, министерот за здравство д-р Венко Филипче истакна дека во изминатите четири години овде се направени многу значајни инвестиции, а сето тоа врз основа на добро направениот план кој ги опфаќа инвестициите од страна на министерството за здравство, како и поддршката од страна на донаторите – Агенцијата ТИКА, Проект ХОПЕ и компанијата Алма М.
-Сега можеме слободно да кажеме дека во болницата во Чаир се целосно реновирани операционите сали, делот за интензивна нега, има современ мониторинг за жените коишто се породуваат, целосно реновирани амбуланти со нова опрема и зголемување на степенот на квалитет којшто се дава во интензивната нега на новородените таканаречен втор-а степен со којшто се подигна нивото на опременост на оваа болница. Болницата е целосно гасифицирана, ги нема веќе оние црни чадови коишто го загадуваа воздухот тука во Скопје – изјави Филипче.
Во болницата во Чаир се раѓаат близу 4.000 деца годишно