Најмалку осум деца загинаа, а две се тешко повредени во експлозија на бомба поставена покрај пат во авганистанската провинцијата Газни.

Децата загинале играјќи си на подрачјето на кое била поставена бомбата.

Се претпоставува дека бомбата била поставена од страна на талибанците, но засега никој не презема одговорност за овој немил настан.