Германската полиција соопшти дека отворила истрага по пронаоѓањето на три лица убиени со самострел во хотелска соба во Баварија, јави агенцијата „ДПА“.

Вработените во хотел во градот Пасау ги пронајдоа телата на 53-годишен маж и две жени на возраст од 33 и 30 години.

Како што наведе полицијата, станува збор за германски државјани.

Засега не се познати околностите под кои настанала смртта, а обвинителството наложило обдукција.