фото: ЕПА

Трилатералните преговори на техничко ниво меѓу Украина, САД и Русија би можеле да се одржат во периодот од 6 до 10 ноември во Абу Даби, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Сепак, конечниот датум и локацијата на средбата сè уште не се потврдени.

-Средбата треба да се одржи во Абу Даби, но, како што знаете, има многу различни чувствителни прашања и предизвици на Блискиот Исток. Не знам дали ќе биде точниот датум и дали состанокот ќе се одржи во Абу Даби, но ние ќе го поддржиме – изјави Зеленски во интервју за американскиот новинар Тони Перкинс, пренесува украинската агенција Укринформ.

Тој посочи дека Украина го поддржува предлогот на американската страна за одржување трилатерални преговори на техничко ниво.

-Пред сè, добро е што ќе имаме можност да ги вклучиме Русите во преговорите. Благодарни сме на американската страна за нивното посредништво за време на нашиот состанок во Осло. Токму САД предложија состанокот да се одржи во ноември – рече Зеленски.

Украина очекува Вашингтон да го утврди датумот на трилатералната средба. Зеленски претходно изрази надеж дека преговорите би можеле да се одржат пред 10 ноември.