Фото: Принтскрин

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за „Вол стрит џурнл“ изјави дека прекин на огнот со Русија без ослободување на окупираните територии само ќе ја продолжи војната.

Тој предупреди дека прекин на огнот само би и овозможил на Русија да ги задржи окупираните украински територии и би ја охрабрил Москва да го прошири конфликтот.

Според Зеленски прекин на огнот би и овозможил на Русија да ги обнови своите сили и да се прегрупира за продолжување на борбите.