Фото: МИА

Пожарот кај месноста Ралова Чука кој денеска попладне избувна во Делчево, е ставен под контрола, соопштува МИА.

Во акцијата за гаснење учествуваше екипа на Територијалната противпожарна единица од Делчево, која претходно интервенираше во пожар на запален семеен дом на улицата Голачка во Делчево.

Од единицата го повторија апелот во периодот на високи температури секоја евентуална појава на пожар благовремено да биде пријавена до институцијата.