Фото: Твитер/Владимир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека потпишал официјално барање Украина да се приклучи на Европската Унија.

Зеленски побара од Европската Унија да ѝ дозволи на Украина веднаш да добие членство по посебна процедура, во момент кога државата се брани од руските сили.