Фото: Зеленски/фејсбук/принтскрин

Русија се обидува да ја вовлече својата сојузничка Белорусија во војната во Украина, нагласи денеска претседателот Володимир Зеленски, говорејќи на состанокот на лидерите на Г7.

– Русија се обидува директно да ја вовлече Белорусија во оваа војна, со провокација дека наводно подготвуваме напад врз таа држава – рече Зеленски. Тој повика да бидат поставени меѓународни набљудувачи на границата меѓу Украина и Белорусија „за следење на безбедносната ситуација“.

Зеленски ги повика земјите-членки од Групата седум да му помогнат на Киев да купи и распореди системи за ПВО, откако руските проектили сериозно оштетија енергетски постројки на Украина.

– Ве молам да ги зајакнете севкупните напори за финансиска помош за создавање на воздушен штит за Украина. Милиони луѓе ќе и бидат благодарни на Групата седум за таквата помош – рече тој во видео обраќањето до лидерите на Г7.

Зеленски им рече на лидерите на Г7 дека Владимир Путин се уште има „простор за ескалација“ по дводневните интензивни воздушни напади врз градови низ Украина, вклучително и Киев.

– Рускиот лидер, кој сега е во последната фаза од своето владеење, се уште има простор за понатамошна ескалација – рече Зеленски, додавајќи дека тоа е „закана за сите нас“