Фото: Фејсбук/Џо Бајден

Еден ден откако објави дека ќе се кандидира за втор претседателски мандат, американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека можеби не е единствениот кандидат кој би можел да го победи Доналд Трамп во 2024 година, но нагласи дека добро го познава Трамп.

– Можеби не сум единствениот што може да го победи, но добро го познавам и запознаен сум со опасноста што тој ја претставува за нашата демократија – рече Бајден  и вети дека ќе ја заштити американската слобода од „екстремистите“ поврзани со Трамп, пренесува „Ројтерс“.

Бајден потврди дека ќе се кандидира на претседателските избори во 2024 година, дури и ако Трамп не се кандидира и оцени дека има уште многу да се направи за да ја заврши својата работа и да се осигура дека САД се „економски и политички безбедни долго време“.

– Мислам дека треба да ја завршиме таа работа – рече Бајден.