Рекордни 4,5 милиони Американци поднесоа оставки во ноември, со што стапката на отпуштања се зголеми на 3%, пренесува CNN.

Работниците особено ги напуштија работните места во туристичката индустрија, како и во здравството. Зголемен е бројот на оставки и во транспортниот сектор, магацините и комуналиите.

Ако на оваа бројка се додаде и бројот на отпуштените, вкупниот број на оние кои ги напуштиле своите работни места во САД во ноември се искачува на 6,3 милиони.

Бројот на нововработени остана на речиси исто ниво како и досега, 6,7 милиони.