Шведскиот крал Карл Шеснаесетти Густав и кралицата Силвија се позитивни на Ковид-19, потврдија денеска од кралската палата.

„Кралот и кралицата, кои се целосно вакцинирани со три дози, имаат благи симптоми и се чувствуваат добро, со оглед на околностите“, се вели во соопштението на палатата.

Кралската палата во Стокхолм објави и дека кралот (75) и кралицата (78) се во самоизолација и дека се работи на пронаоѓање на луѓето со кои биле во контакт.

Шведска постави дневен рекорд по бројот на нови инфекции со коронавирус, бидејќи на 30 декември регистрираше 11.507 случаи, а претходниот рекорд од 11.376 случаи беше на крајот на декември 2020 година.