Наместо нова помош, Вашингтон почна да го притиска Зеленски да се согласи на мировни преговори и крај на војната. Процените се дека и рускиот претседател Владимир Путин ќе биде многу среќен да се согласи на прекин на војната или барем на примирје, бидејќи во март следната година има претседателски избори
По гласините од Вашингтон за брз прекин на украинско-руската војна
Дали е на повидок крајот на војната во Украина, по најавите што пристигнуваат од САД, пред сѐ од Претставничкиот дом, во кој мнозинството го имаат републиканците, дека повеќе нема подготвеност да се финансира Украина во онаа мера во која беше досега, додека Европа не може ниту да ги исполни ни своите обврски. Покрај ова, на „гласините“ за брз прекин на војната се надоврзуваат и анализите на безбедносните експерти, дека ситуацијата на бојното поле е таква што ниту една страна не може да постигне значителен напредок. Иако руските успеси се минимални, Москва, која се соочува со материјални и човечки загуби, не е блиску до целта. Големата офанзива на Украина не помина ништо подобро. Украинските сили не стигнаа ниту до Азовско Море ни до други стратегиски позиции, зацртани пред почетокот на годинашната пролетна офанзива. Соочен со горчливата вистина за неуспехот, претседателот Володимир Зеленски се сврте кон критикување на сите, од западните сојузници до обичните Украинци, кои не сакаат да се борат. Истовремено го нападна и воениот врв, обвинувајќи го за неодлучност и кукавичлук, се посочува во воената анализа на „Индекс“.
Гневот и немоќта на Зеленски најдобро се отсликуваат во неговата изјава за западните медиуми: „Никој не верува во победа како јас“.
На Зеленски не му недостигаат причини за гнев и очај. Американската помош брзо пресушува, а од Претставничкиот дом под контрола на републиканците пристигнуваат вести дека таа нема да биде обновена толку брзо. Една од двете програми преку кои американска помош доаѓа за Украина остана без пари. Фондот на Иницијативата за безбедносна помош на Украина (УСАИ) беше целосно исцрпен, додека на програмата на Претседателската управа за повлекување (ПДА) располагаше само со 5,4 милиони долари на 3 октомври.
Обидот на Белата куќа да обезбеди дополнителни 60 милијарди долари со пакетна помош за Израел пропадна бидејќи Претставничкиот дом го раздели процесот. Израел доби 14,5 милијарди долари, а Украина засега ништо.
Наместо нова помош, Вашингтон почна да го притиска Зеленски да се согласи на мировни преговори и крај на војната. Процените се дека рускиот претседател Владимир Путин ќе биде многу среќен да се согласи на прекин на војната или барем на примирје, бидејќи во март следната година има претседателски избори. До неодамна, и советниците на Зеленски тврдеа дека претседателските избори во Украина следната година ќе бидат одложени поради војната. Сепак, „Индипендент“ објави изјава на украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба дека Зеленски ја разгледува можноста за одржување претседателски избори во март 2024 година. Зеленски би излегол на изборите со ветувања што украинската армија не можеше да го исполни. Згора на тоа, огромното мнозинство Украинци сакаат крај на војната, додека Зеленски упорно се залагаше за нејзино продолжување.
Зеленски не можеше да даде ветувања дека ќе се бори до целосна победа, што вклучува ослободување на Крим. Иако се очекуваше дека Зеленски непречено ќе победи на изборите, тоа не е сосема точно. Во анкетата од февруари оваа година, Зеленски доби поддршка од само 58 отсто од Украинците. И тоа во февруари, кога уште веруваа дека големата офанзива ќе успее. Ако Западот го принуди Зеленски на мировен договор, или барем на прекин на огнот, тој процент би можел значително да се намали. Без западна помош, првенствено американска, Украина не може да опстане, па затоа Зеленски нема друга опција, освен да ги прифати барањата на Западот. Затоа, по речиси две години, на повидок е крајот на војната во Украина, заклучува аналитичарот на „Индекс“.