Очајот и безнадежноста се се посилни во турската провинција Хатај, која беше најтешко погодена од разорните земјотреси во понеделникот. Толпи луѓе се слеваат во продавниците кои беа напуштени по земјотресот, а некои се отворени од властите за да можат луѓето да ги добијат најосновните производи.
– Гладни сме. Погледнете што станавме – рече една жена, додека друг од присутните додва „нашата човечност е мртва“.
Konum tam bilinmiyor , alınan bilgiye göre , deprem bölgesinde devlet bir mağazayı açtırmış vatandaşlar ihtiyaçlarını karşılasın diye, mağazayı bu hale sokmuşlar…#BirlikZamanı #secimdestekleridepremzedelere Son 3 #deprem pic.twitter.com/ByOiDxIADr
— Anlık Haber Medya (@ozkanqur) February 8, 2023
Еден човек, кој го покри лицето со шал, зборуваше за недостигот на помош.
– Имам деца. Земам само јогурт за да јадат“. Би платил сè, но тие не ги отвораат продавниците – рече еден човек налутено.
Ердоган денеска ќе посети уште три области на југот на земјата кои се погодени од разорни земјотреси, јавуваат турските медиуми. Ќе ги посети јужните градови Газиантеп, Османије и Килис, кои се наоѓаат во близина на границата со Сирија, објави ТРТ Хабер.
Бројот на загинати во разорниот земјотрес, кој во понеделникот ги погоди Турција и Сирија е најмалку 16.035.
Во Сирија, вкупниот број на загинати е најмалку 3.162.