Фото: Принтскрин Влада

Германскиот канцелар Олаф Шолц, при пристигнувањето на самитот на ЕУ во Брисел, изјави дека Унијата треба да ја одреди брзината со која земјите од Западен Балкан, Украина, Молдавија и Грузија ќе се приближат кон Унијата.

Според зборовите на германскиот канцелар, интеграцијата на овие земји во ЕУ треба да биде успешна, но тоа имплицира дека овие земји ги исполнуваат критериумите како владеење на правото, демократски и економски услови.

– ЕУ им даде перспектива на сите овие земји и сега треба да го одреди патот на приближување. Ова важи за сите земји и сите земји прават напори. Но, не смееме да дозволиме историјата да се повтори – нагласи тој, додавајќи дека пред 20 години во Солун, ЕУ им вети на земјите од Западен Балкан и дека „ сите мислеа дека овие земји ќе бидат членки во период од две до осум години, но 20 години подоцна тоа не се случи“.

Сега е клучно, како што вели Шолц, Унијата да ги дефинира своите ветувања.

– Сега треба да бидеме многу јасни за брзината на интеграцијата и ние самите мора да ги разјасниме нашите лични одлуки – рече Шолц.