Украина не предвидува дека Русија ќе изврши напад од големи размери врз земјата, изјави вчера секретарот на Националниот совет за одбрана и безбедност.
Олексеј Данилов за украинските медиуми изјави дека се свесни за развојот на настаните и ризиците на нивната територија. Истакнувајќи дека ситуацијата е целосно под контрола, Данилов рече дека не предвидуваат напад од поголеми размери од Русија во текот на наредните два дена.
Сепак, тој нагласи дека и Украина е подготвена за каков било напад, истакнувајќи дека руската страна може да изврши провокации.
Американскиот претседател Џо Бајден претходно ги информираше западните лидери дека Русија би можела утре да ја нападне Украина.
Тензиите меѓу Русија, Украина и Западот ескалираа во текот на викендот, откако западните медиуми тврдеа дека Москва би можела да изврши напад врз Украина во среда.
Украина и Русија се во конфликт откако избија непријателства во источниот украински регион Донбас во 2014 година, откако Москва илегално го анектираше полуостровот Крым.