Фото: инстаграм

Украинската служба за безбедност денеска соопшти дека уапсила Украинка, која се сомничи дека е поврзана со наводниот заговор за воздушен напад врз претседателот Володимир Зеленски.

Според украинските власти, таа била дел од заговорот за убиство на Зеленски за време на неговата неодамнешна посета на Миколаев, град во југоисточна Украина.

Според полицијата, таа била фатена на дело додека им пренесувала информации на Русите, пренесе „АБЦ Њус“.

Таа, наводно, им пренела информации на руските сили за локацијата на Зеленски, вклучително и плановите за посета на украинскиот претседател на Миколаев.

Украинските власти тврдат дека после тоа Русите требало да извршат воздушен напад врз Заленски со цел да го убијат.

Според истрагата, таа била жител на Очаков на југот на Украина и поранешна продавачка во воена продавница на територијата на една од воените единици во регионот.

Доколку жената биде осудена и се заканува затворска казна од 12 години, додава „Скај њус“.