Полскиот државјанин Павел К. е уапсен под сомнение дека учествувал во подготовка на атентат врз украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој е приведен во Полска по обвинението дека бил подготвен да му помогне на руското воено разузнавање во заговорот за убиство на Зеленски, објави полското обвинителство.
Павел К., наводно, побарал контакт со Русите вклучени во војната во Украина, наведувајќи дека ќе пренесе детални информации од аеродромот „Ржесов-Јасионка“, кој се наоѓа во близина на границата со Украина.
Доколку биде прогласен за виновен, може да биде осуден на осум години затвор.