Фото: Твитер/Лиз Трас

Лиз Трас соопшти дека поднесе оставка на премиерската функција во Велика Британија, објавува „Гардијан“.

– Ваквата објава уследи по рециси целосно уривање нејзиниот политички авторитет, со падот на пазарите, останувањето без двајца клучни министри и загубата на довербата од речиси сите нејзини пратеници – пишува британскиот весник.

Трас е премиерката со најкраток мандат во историјата на Велика Британија, откако помина 45 дена на функција.

– Во време на голема економска и меѓународна нестабилност, Британија предолго е задржана од слабиот економски развој. Препознавам дека, земајќи ја предвид ситуацијата, не можам да го спроведам мандатот врз основа на кој бев избрана од Конзервативната партија – кажа Трас во обраќањето пред премиерската резиденција.

„Би-би-си“ во првичниот коментар на оставката на Трас од функцијата наведува дека никогаш досега во поновата британска историја не е видена ваква политичка разврска, бидејќи таа токму вчера кажа дека е борец и дека нема да се откаже.

Но, оставката, додава „Би-би-си“ во анализата, го покажува хаосот во Владата, Парламентот и во Конзервативната партија што ја довеле Трас до точката што значи дека таа знае дека не може да продолжи.

– Ова што сега се случува сега е најбрзиот пресврт на моќта што сме го виделе во модерното време, наведува Ник Ердерли, од надворешната редакција на „Би-би-си“.

Трас изјави дека изборите за лидер на Конзервативната партија, кој потоа треба да биде и новиот британски премиер, ќе се оддржат следната недела, со што таа ќе остане на премиерската позиција се до изборот на нејзиниот наследник.