Фото: Принтскрин

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп им забранил на клучни американски здравствени службеници задолжени за заразни болести директна комуникација со претставници на Светската задравствена организација (СЗО), објави „Си-ен-ен“.

Со забраната им е оневозможено учество во дел од глобалните дискусии за епидемии. Според директивата на која се повикува медиумот, на вработени во Националниот институт за алергии и заразни болести им е забрането да комуницираат со СЗО.

Забраната била воведена при појавата на епидемија на хантавирус, а подоцна некои од ограничувањата биле делумно олабавени по информациите за епидемија на ебола во ДР Конго.

Во моментов на дел од американските службеници им е дозволено да учествуваат на состаноци на СЗО, но само во мал број и исклучиво како „слушатели“, а сите официјални одговори мора да одат преку хиерархијата на американското Министерство за здравство.

Повеќе сегашни и поранешни здравствени службеници изјавиле дека ситуацијата претставува сериозна пречка при реагирање на нови епидемии.