Фото: Влада

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека секоја употреба на нуклеарно оружје е неприфатлива и доколку Русија го употреби, тоа ќе има сериозни последици.

– Секоја употреба на нуклеарно оружје е апсолутно неприфатлива, тоа целосно ќе ја промени природата на конфликтот, а Русија мора да знае дека во нуклеарна војна не може да се победи и дека таква војна никогаш не смее да се води – рече Столтенберг.

– Кога повторно и повторно гледаме таква нуклеарна реторика од Русија, од претседателот на Русија Владимир Путин, тоа е нешто што мораме сериозно да го сфатиме и затоа испраќаме јасна порака дека тоа ќе има тешки последици за Русија – вели генералниот секретар на Северноатлантската алијанса.