Фото: Веб-страница на украинскиот претседател

Им порача украинскиот претседател Владимир Зеленски на Русите

Украинскиот претседател Владимир Зеленски, во новата ноќна порака изјави дека Русите ќе бидат убивани еден по еден се додека на власт е рускиот претседател Владимир Путин, кој ја нареди специјалната операција во Украина.

– Додека сите вие ​​самите не го решите проблемот од кој почна сè, што ја почна оваа бесмислена војна против Украина, ќе бидете убивани еден по еден, станувајќи жртвени јарци, бидејќи не признавате дека оваа војна е историска грешка за Русија – рече Зеленски во своето редовно ноќно обраќање.

Украинскиот претседател додаде дека наскоро армијата, која од вчера го контролира градот Лиман, во регионот Донецк, што е под руска контрола, ќе поврати и други градови во регионот.

– Во текот на неделата над Донбас се вееја нови украински знамиња, а следната недела ќе ги има уште повеќе – додаде Зеленски.