Фото: МИА

Руското бомбардирање на градови во Украина можеби ги прекрши законите на војувањето и претставуваат воени злосторства доколку цивилните цели биле „намерно избрани“ – соопштија денеска Обединетите нации (ОН).

– Бараме Русија да се воздржи од каква било ескалација на насилството – изјави портпаролката на Канцеларијата на високиот комесар за човекови права, Равина Шамдасани, на брифинг во Женева.

Таа изрази особена загриженост за цивилните цели кои биле нападнати.

Русија вчера изврши десетици напади во Украина како одмазда за експлозијата на мостот на Крим.