Советот на Европа, чувар на владеењето на правото на континентот, повика на воспоставување „одржливи хуманитарни коридори“ во Украина и ја повика Москва да стави крај на „невидената репресија“ на слободата на изразување, јави дописникот на МИА.

– Апелирам за договор за одржливи хуманитарни коридори, суштински за да се овозможи безбедно поминување на илјадници раселени луѓе кои бегаат од смртта и уништувањето – изјави Марија Пејчиновиќ Буриќ, генерален секретар на Советот на Европа во соопштението за печатот.