Илустрација / Фото: Игор Бансколиев

Мобилизација на грчката полиција предизвикаа претпладнево два случаи во Атина, едниот со сомнителен коверт со прашок со непознат состав во руската амбасада, другиот со сомнителен куфер во центарот на градот, а засега веројатно се работи за два одвоени случаи, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, и во двата случаи биле ангажирани припадници на Одделот за деактивирање експлозивни направи.

Во центарот на Атина, пред хотел била пронајден сомнителен куфер, по што интервенирала полицијата и превентивно бил затворен поширокиот дел.

Во амбасадата на Русија во населба во северниот дел на Атина бил откриен ковертот со сомнителен прашoк.