Фото: Принтскрин

Американската комисија за хартии од вредност го тужеше милијардерот

Комисијата за хартии од вредност (СЕЦ) на САД го тужеше американскиот милијардер и претприемач Илон Маск, со намера да го натера да сведочи за минатогодишното преземање на компанијата „Икс“ (Твитер).

Според „Си-ен-би-си“, адвокатите кои ја застапуваат Американската Комисија за хартии од вредност во правното поднесување изјавиле дека Маск не одговорил на поканата за сведочење од 15 септември.

–  Постојаното одбивање на Маск да одговори на административниот налог на Комисијата за хартии од вредност ја попречува и одложува истрагата која треба да утврди дали имало прекршување на федералните закони за хартии од вредност при преземањето на компанијата „Екс“ (Твитер) – тврдат адвокатите на Американската Комисија за хартии од вредност.