Швајцарците на денешниот референдум го отфрлија предлогот за построга дефиниција на неутралноста на земјата, што би го спречила Берн да воведе економски санкции или да соработува со НАТО.
Над две третини од гласачите се изјасниле против иницијативата за порестриктивна верзија на неутралноста на Швајцарија.
Иницијативата беше поддржана од десничарската националистичка Швајцарска народна партија (СВП), која тврди дека неутралноста на земјата беше прекршена при воведувањето на санкции кон Русија по инвазијата врз Украина во 2022 година.
СВП предлагаше Швајцарија да не може да се придружи кон ниту еден воен или одбранбен сојуз, ниту да соработува со таков сојуз. Според партијата таквата соработка би била можна при евентуален воен напад врз Швајцарија или подготовка за таков напад.
Иницијативата предвидуваше и Швајцарија да не може да воведе санкции.
Поголемиот број швајцарски партии и владата беа против предлогот со образложение дека тоа ќе ја поткопа националната безбедност и ќе ја спречи обуката на Швајцарија со НАТО.
МИА

































