Илустрација/Фото: Пиксабеј

Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) ја предупредила Германија пред неколку недели за можни напади врз гасоводи во Балтичкото Море, објави германскиот магазин „Шпигел“, откако беа пријавени истекувања на гас од гасоводи од Русија до Германија.

Истекување, експлозии и обвинувања за саботажа – што се крие зад инцидентите со „Северен тек“?

Повикувајќи се на неименувани извори, „Шпигел“ пишува дека германската Влада го добила предупредувањето од ЦИА летоска. Се додава дека Берлин претпоставува оти се работи за таргетиран напад на гасоводите Северен поток еден и два.

Истекувањата од „Северен тек“ потсетија на „играта на мачка и глушец“ од Студената војна

Портпаролот на германската Влада одби да даде коментар, наведува „Шпигел“.