Фото: Федерална Влада на Германија

Во Германија беше постигната една од целите во борбата против пандемијата. На вториот ден од католичкиот Божиќ беше надмината бројката од 30 милиони дози.

На Божиќ биле вакцинирани 35.000 луѓе. Во Германија досега се дадени вкупно 30.004.000 милиони вакцини.

Така новиот канцелар Олаф Шолц го исполни ветувањето дека во Германија до крајот на годината ќе бидат дадени 30 милиони вакцини.

Целта на германската влада е да постигне 80% вакцинација на населението. Досега 74 отсто од граѓаните во Германија примиле барем една доза од вакцината.