Фото: принтскрин

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу соопшти дека 45 руски војници се вратени од украинскиот притвор – пренесува РИА.

Русија и Украина периодично разменуваат групи затвореници.

Вчера, Кремљ сигнализираше дека ќе биде отворен за можна размена на затвореници во која ќе биде вклучен затвореникот на Вол Стрит Журнал, Еван Гершкович.