Фото: Шехбаз Шариф/фејсбук

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф рано утринава соопшти дека САД и Иран постигнале мировен договор по повеќедневни преговори.

Во објава на платформата Икс, Шариф наведе дека двете страни се согласиле на итен и траен прекин на воените операции на сите фронтови, вклучително и во Либан.

 – Двете страни прогласија итен и траен прекин на воените операции на сите фронтови, вклучително и во Либан – напиша пакистанскиот премиер, пренесе „Ројтерс“.

Според неговите информации, официјалната церемонија за потпишување на договорот е закажана за 19 јуни во Швајцарија.

Засега нема дополнителни детали за содржината на договорот, ниту пак е објавено официјално соопштение од Вашингтон или Техеран.