Фото: Пиксабеј

САД ги блокираа Американците од каков било бизнис што ја вклучува руската централна банка и воведоа санкции против клучната институција – Руски суверен фонд, соопшти Министерството за финансии во Вашингтон.

Санкциите се насочени и кон рускиот Фонд за национално богатство и Министерството за финансии на Руската Федерација, се вели во официјалното соопштение.