Фото: Пекселс

На денешната седница на Советот, фирмата за спортски дејности „Спорт бит“ ДООЕЛ Битолa, ги подари акциите на ФК Пелистер на Општината.

-Денеска ние ги добивме назад како дар, акциите на ФК Пелистер, кои што претходно ги купи фирмата „Спорт бит“. На подарок добиваме 188 акции со номинална вредност од 6.150 денари, или вкупна вредност од 18.000 евра. Тоа значи дека ФК Пелистер преминува во 100 процентна сопственост на Општина Битола – изјави претседателката на Советот, Габриела Илиевска.

Паралелно со акциите, фирмата Спорт Бит на Општината Битола и „подари“ и обврски од најмалку 13 милиони денари, или повеќе од 200.000 евра. Но, според Илиевска тоа не е конечен долг, бидејки и натаму на адреса на клубот идат побарувања, кои според неофицијални извори изнесуваат над 400.000 евра кои сега ќе мора да ги плати Општината Битола.
М.М.