Украинската армија денеска соопшти дека руските сили ја зазеле источната периферија на опколениот град Мариупол.

Мариупол е под опсада на руските сили повеќе од една недела, а во градот нема електрична енергија, гас и вода.

Советникот во украинското Министерство за внатрешни работи Антон Герашченко изјави дека рускиот генерал Андреј Колесников загинал во текот на борбите за Мариупол.

Според украински тврдења тоа е трет руски генерал кој загинал во борбите.

Смртта на Колесников не е потврдена од страна на руската армија.