Фото: Илустрација/ Инстаграм

Русија ќе ги „развие“ своите воени капацитети во Киргистан, централноазиска земја која е сојузник на Москва, соопшти денеска Кремљ по средбата меѓу претседателите на двете земји Владимир Путин и Садир Џапаров.

– Шефовите на државите ја истакнаа важноста од зајакнување на вооружените сили на Киргистан и развојот на руските воени капацитети на нејзина територија – се вели во заедничкото соопштение што го пренесе Кремљ.

Русија има воена база во Киргистан која се состои од аеродром, поморски објект на езеро и неколку други објекти.

Путин го прими Џапаров во пресрет на утрешната воена парада по повод Денот на победата над нацистичка Германија. Претседателот на Киргистан е еден од ретките странски лидери кои ќе присуствуваат на парадата.