Рускиот претседател Владимир Путин напиша во писмо до севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун по повод Денот на ослободувањето на Северна Кореја дека Русија и Северна Кореја ќе ги прошират билатералните односи, објавија во понеделник државните медиуми во Пјонгјанг.
Во писмото до Ким, Путин рече дека Русија и Северна Кореја „ќе ги прошират сеопфатните и конструктивни билатерални односи преку заеднички напори“.
Путин оценил и дека поблиските врски ќе бидат во интерес на двете земји и дека тие ќе помогнат да се зајакне безбедноста и стабилноста на Корејскиот полуостров и регионот на североисточна Азија, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.