Рускиот претседател Владимир Путин денеска истакна дека не кажал дека руската армија веднаш ќе оди во Донбас, додавајќи дека договорот од Минск веќе не постои.

– Украинските разговори околу нуклеарните амбиции беа насочени кон Русија и ние ја добивме пораката. Москва е во досегот на украинските нуклеарни проектили – изјави Путин, пренесуваат британските мекидуми.

Тој, исто така, кажа дека „Украина, вооружена до заби, е антируски настроена, што е неприфатливо.

– Невозможно е да се предвидат конкретните акции на руската армија во Донбас. Украина треба да се демилитаризира. Најдобрата одлука што може да ја донесе Киев е да се откаже од своите амбиции да се приклучи на Алијансата – истакна Путин.

Рускиот претседател додаде дека Договорот од Минск повеќе не постои и дека веќе нема што во него да се исполни.