Фото: kremlin.ru

Горниот дом на рускиот Парламент даде одобрение за употреба на воена сила во странство, отворајќи го патот за потенцијален влез на војска во Украина, јави ДПА.

Резолуција која повикува на „употреба на вооружени сили надвор од Русија“ беше едногласно поддржана од 153-те членови на Советот на Федерацијата.

– Силината на армиските единици, областите на распоредување, задачите и времетраењето на нивниот престој надвор од Русија ги одредува рускиот претседател во согласност со рускиот Устав – се вели во резолуцијата, пренесе новинската агенција ТАСС.