Фото: Принтскрин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека утре во Русија ќе биде ден на национална жалост поради жртвите од терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ ​​во Москва.

– Го прогласувам 24 март за ден на национална жалост – рече Путин во обраќањето до Русите по терористичкиот напад.

– Бројот на загинати во терористичкиот напад во концертната салата „Крокус“ ​​во близина на Москва се зголеми на 143 – соопшти денеска Кремљ.

Нападот се случи кога неидентификувани маскирани вооружени лица синоќа отворија оган во концертна сала „Крокус“ во Красногорск, административен центар на московската област.

Прес-службата на Кремљ соопшти дека уапсени се 11 лица.