Фото: Пиксабеј

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го потпиша Законот за поништување на ратификацијата на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови.

Соодветниот документ е објавен на веб-страницата на официјалното објавување на правните акти, јавија руските медиуми.

Законот за отповикување на ратификацијата го усвои Руската Дума, а со него се укинува првиот член од законот за ратификација на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови, со кој се предлага ратификација на Договорот потпишан во име на Руската Федерација во Њујорк на 24 септември 1996 година